ИПА 2021 – 2027

ИПА III е инструмент за претпристапна помош на Европската комисија за програмскиот период 2021-2027 година. Инструментот се воведува со секоја нова Финансиска перспектива на Европската Унија. Оваа генерација на ИПА се базира на научените лекции на претходните две генерации ИПА (2007-2013) и ИПА 2 (2014-2020). Република Северна Македонија во изминатите години беше и се уште е корисник на ИПА и ИПА II.

ИПА III се воведува со усвојување на Регулатива за воспоставување на Инструментот и Регулатива со правила и принципи за спроведување на ИПА III од страна на Европската Унија. Според структурата, ИПА III е поделена на 5 прозорци и 17 тематски приоритети и тоа:

  • Прозорец 1: Владеење на правото, фундмалентални прваа и демократија;
  • Прозорец 2: Добро владеење, усогласување на законодавството, добрососедски односи и стратешка коминикација;
  • Прозорец 3: Зелена агенда и одржлива поврзаност;
  • Прозорец 4: Конкуретност и инлузивен раст;
  • Прозорец 5: Територијална и прекугранична соработка.

Новина во рамките на ИПА III е дека средствата нема да се распределуваат по клуч за секоја земја од Западен Балкан и Турција, туку земјите ќе се „натпреваруваат“ меѓусебно за добивање на средства. Исто така се воведува т.н. fair share или фер распределба со која ќе се внимава донекаде да има рамномерна распределба на ИПА средствата помеѓу земјите кориснички. Доколку една земја за една година добие повеќе средства на основа на слабата подготвеност на друга земја, Комисијата во наредните години ќе внимава средствата да бидат распределени врз рамномерна основа.

Друга новина се т.н. зрели проекти. Ова се воведува за да се скрати долгиот период помеѓу програмирањето и спроведувањето. Оттука уште во фаза на програмирање се оценува зрелоста на проектите преку доставување на подготвени тендерски документи за истите, со што се докажува нивната зрелост.

Програмирањето ќе се спроведува во две фази.

Similar Posts