ЗОДИ КОМЕРЦ

„ЗОДИ КОМЕРЦ“ Зоран ДООЕЛ е друштво кое се занимава со увоз на овошни садници и лозови калеми од овластени производители.

„ЗОДИ КОМЕРЦ“ Зоран ДООЕЛ има петнаесет годишно искуство во увоз на посадочен материјал. Друштвото е уредно регистрирано во Регистарот на овластени увозници на семе и саден материјал при Управата за семе и саден материјал на Република Македонија.

„ЗОДИ КОМЕРЦ“ Зоран ДООЕЛ има долгогодишна соработка со производители на саден материјал од следните држави:

  • Грција
  • Србија
  • Словенија
  • Италија
  • Полска
  • Франција

Садниот материјал кој го увезува „ЗОДИ КОМЕРЦ“ Зоран ДООЕЛ е со висок и докажан квалитет.

Во палетата на производи кои ги нуди компанијата се застапени најнови сорти на овошни садници и лозови калеми.

Квалитетот на садниот материјал кој го нуди„ЗОДИ КОМЕРЦ“ Зоран ДООЕЛ е КЛУЧ на нашиот УСПЕХ. За тоа се доказ многубројните клиенти со кои до сега Друштвото има соработувано.

За садниот материјал обезбедени се Фито-санитарен сертификат и Сертификат за потекло на садниот материјал, како потребни сертификати за добивање на субвенции за подигање на нови овошни и лозови насади.