м-р Радица Коцева,

Експерт за управување со ИПА/Експерт за ЕУ ПРАГ Јавни набавки

Радица Коцева е магистер по економија на Економскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје. Таа зад себе има повеќе од 20 години во Министерството за финансии, каде ја започнува својата професионална кариера во 1999 година. Во текот на своето работно искуство во Министерството за финансии се има стекнато со огромно искуство во управување со јавни финансии, управувањето со проекти финансирани од билатерални/мултилатерални донатори како што се ЕУ, ММФ, ЕБОР, ЕИБ и ЦЕБ, и има одлично познавање на ЕУ интегративните процеси.

Во периодот од 2007-2020 година работи како Раководител на Секторот за централно финансирање и договори (ЦФЦД) во Министерството за финансии, одговорна за подготовката на националните структури за исполнување на критериумите за акредитација на Европската комисија за индиректно управување со ИПА средствата.

По добивањето на акредитацијата во 2009 година, под нејзина одговорност, во рамките на ЕУ Финансиската перспектива 2007-2013 и ЕУ Финансиската перспектива 2014-2020, успешно беше завршено огромно портфолио од повеќе од 400 проекти со вредност од повеќе од 500 милиони евра во различни области (транспорт, животна средина, вработување, реформи во јавната администрација и сл.).

Одлично ги познава Европските правила за управување со проекти, ПРАГ правилата за јавни
набавки и стандардите за воспоставување на контролна рамка за управување со ЕУ средства.

Таа го напушти Министерството за финансии во септември 2020 година. Оттогаш, има драгоцено
искуство во давање на консултантски услуги во управувањето со фондовите на ЕУ и примена на
најдобрите практики поврзани со управување со ЕУ претпристапните фондови во земјите аспиранти за членство во Унијата од Балканот, како и во подготовка на проекти и подобрување на функционирањето на системите за индиректно управување со ИПА во овие земји.


Нашата локација