Како финансиски најпаметно да ги плаќате вашите сметки? (видео блог)

Според Евростат 36.9% од домаќинствата во Македонија, имаат потешкотии со плаќањето на сметките. Тој процент во Грција изнесува 35.69, а во Бугарија 30.1%.

Дополнително треба да се земе во предвид дека секое доцнење чини, односно се плаќа затезна камата и тоа на дневна основа.

Размислував како може да се помогне на тековната ситуација.

Целта на ова видео е токму тоа, да разгледаме и увидиме дали постојат некои начини на кои финансиски најпамаетно ќе ги плаќаме сметките и на некој начин да го искористиме грејс периодот што ни го даваат некои од картичките или минусите на сметки.

Погледнете го ова видео и пишете во коментар се што мислите за него, сите коментари се добредојдени и на сите прашања ќе биде одговорено со внимание.

Во видеото се обидуваме да одговориме како да ни бидат сите сметки платени, дали може да не потрошиме ништо од нашите пари и при тоа да заработиме до 700 евра?

Погледнете го видеото да видите дали звучи предобро за да биде вистинито?

Во него дополнително ги објаснуваме и потенцијалните ризици од ивршители. 

Исто така разгледуваме повеќе можни ситуации во кои може да се најдат гледачите, па погледни го видеото и види дали можеш (и ако можеш како) да го примениш во твојата ситуација. 

Similar Posts